Најскапиот автомобил на светот е дело на италијански Pagani, наречен е Zonda HP Barchetta и ќе бидат произведени само три вакви модели.
Еден од трите модели кои што ќе бидат произведени ќе го задржи основачот и сопственикот на овој бренд, Хорацио Пагани, вториот модел е веќе продаден, а третиот е достапен за купувачите.
Цена? Ексклузивниот Pagani Zonda HP Barchetta ќе се продава по цена од вртоглави 15 милиони евра со што ќе го претекне Rolls Royce Sweptail и ќе застане на тронот – најскап автомобил на светот.
Што нуди овој автомобил за 15 милиони евра? Pagani Zonda HP Barchetta располага со 7,3-литарски V2 мотор со 800 коњски сили произведен од Mercedes-AMG. Овој погон е во комбинација со шестостепен мануелен менувач, а моделот без многу мака достигнува брзина од 355 километри на час, а од 0 до 100 км/ч забрзува за само 3,1 секунда.
Кога станува збор за дизајнот – чиста италијанска перфекција. Овој автомобил нема подвижен покрив, а интересно е тоа што тркалата на левата страна се обоени сребрено, додека од десната страна во нијанса на сина боја.