Шпански „АС” посочи кој е условот за останување на Модриќ во Реал Мадрид

Дерби

07/08/2018

14:58

2.652

Големина на фонт

а а а

Како по обичај, шпански „АС“ е првиот кој дознава на релациите меѓу Реал Мадрид – Перез – актуелни фудбалери. ,,АС” сега излезе со информација дека најдобриот фудбалер на Светското првенство во Русија, Лука Модриќ е подготвен веднаш да замине само поради условите кои му ги нуди Интер.

Модриќ се ,,фатил на јадицата” од 10 милиони евра по сезона за наредните четири години, а во Реал Мадрид заработува по 6,5 милиони евра, а воедно никој не му гарантира дека после две години откако ќе му заврши договорот со Реал, ќе му биде понуден нов договор прибилижно со иста сума.

Според ,,АС” Модриќ веднаш би прифатил договор со Реал само доколу е сличен на тој што му го нуди Интер, но и поради тоа што најголемиот успех го постигна со овој клуб, а воедно е и среќен во редовите на ,,кралскиот клуб”, каде е и најголем миленик на фановите на ,,Сантијаго Бернабеу”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг