Голем јубилеј: Форд го произведе 10-милионитиот Мустанг

Точка

07/08/2018

14:36

1.949

Големина на фонт

а а а

Првиот примерок на овој легендарен автомобил на Форд бил произведен во 1964-та година, а неколку децении подоцна, американската компанија стигна до импресивна бројка од 10 милиони произведени Мустанг автомобили.

Форд Мустанг блесна во својата прва генерација и ги воодушеви Американците. Само во текот на првата година, планот за производство бил надминат дури четири пати – на купувачите во тој период им биле испорачани 400 илјади возила.

За време на повеќе од половина век присуство на пазарот, Мустанг имаше подеми и падови, а иако верзиите кои што се појавија подоцна не ја достигнаа славата на првата верзија, автомобилот го задржа култниот статус ширум светот.


Најновата шеста генерација беше претставена во 2015-та година, а тоа беше и првиот Форд кој што и официјално започна да се продава и во Европа.

На социјалната мрежа Инстаграм беа објавени неофицијални фотографии на јубилејниот Мустанг, а станува збор за кабриолет верзија на најновата генерација. На првата фотографија се гледа автомобилот во фазата на производство, а на втората возилото е комплетирано и паркирано на паркингот во фабриката „Флет Рок“ во Мичиген.

Се очекува Форд наскоро и официјално да потврди дека е произведен 10-милионитиот Мустанг кога ќе дознаеме и повеќе детали за автомобилот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг