Колумбијката Вивијана Кастриљон ги остава мажите без здив

Точка

06/08/2018

21:19

15.607

Големина на фонт

а а а

Вивијана Виви Кастриљон е актерка и фотомодел со потекло од Колумбија, која моментално живее во Мајами. Оваа атрактивна Колумбијка има речиси три милиони следбеници на Инстаграм, што не е чудно со оглед на тоа што секојдневно објавува провокативни фотографии.

Виви е родена во Меделин, а нејзината кариера како модел започнала сосема случајно. Откако завршила факултет, таа одлучила да се пресели во Богота и да ѝ прави друштво на пријателка која требало да учествува на аудиција. Меѓутоа, токму таа привлекла големо внимание, а откако ги покажала своите атрибути, веќе наредниот ден добила понуда за работа. Оттогаш, Кастриљон работи за бројни агенции.

 

На Инстаграм ја следат луѓе од целиот свет, а попопуларни Колумбијки од неа се само Шакира и Софија Вергара. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг