Шпанците открија кој го притиска Модриќ да потпише за Интер

Дерби

06/08/2018

20:06

3.116

Големина на фонт

а а а

Шпанските медиуми полека ја разоткриваат целата ситуација околу трансфер сагата која го поврзува Лука Модриќ со премин во Интер.

Телевизијата „Ла Секста“ пренесува дека главен иницијатор за заминувањето на Модриќ од Реал Мадрид и неговата преселба во Интер е поранешниот член на „Кралевите“, Предраг Мијатовиќ.

Медиумот објавува дека Модриќ имал голема доверба во црногорскиот фудбалер. И двајцата биле во контакт за време на целото Светско првенство, а наводно Мијатовиќ го наговарал најдобриот фудбалер на Мундијалот да се пресели во Интер.

Нероаѕурите се подготвени да му понудат плата од десет милиони евра годишно со што би станал вториот најскапо платен фудбалер во Серија А по Кристијано Роналдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг