“FCA” се бори да го забрани индискиот клон на “Jeep”

Точка

06/08/2018

14:23

2.407

Големина на фонт

а а а

Италијанско-американската групација Fiat Chrysler Automobiles (FCA) поднесе тужба поради намерата на индискиот производител “Mahindra” да го пласира својот модел “Roxor” на американскиот пазар.

Спорна работа е тоа што индискиот теренец е практично копија на популарниот “Jeep” на “FCA”. Од “FCA” тврдат дека “Mahindra Roxor” ги нарушува основните карактеристики на дизајнерскиот потпис на “Jeep”, вклучувајќи го коцкестиот облик со рамни страни, идентичната висина на хаубата и задниот дел од возилото.

„Станува збор за речиси идентична копија на оригиналниот дизајн на “Jeep”. Всушност, овој модел е направен после оригиналниот “Willys” на нашата компанија“, тврдат од “FCA”.


Од таму тврдат дека “Roxor” ги загрозува затоа што ќе се продава по пониска цена од моделите на “Jeep”. Индиската компанија на пазарот во САД влезе во 2017-та година отворајќи погон во Мичиген каде што се склопуваат моделите чии што делови се произведени во Индија.

Инаку, моделот “Roxor” има 2,5-литарски четирицилиндарски дизел мотор со скромни 62 коњски сили и 195 Nm максимален обртен момент со 5-степен менувач. Максималната брзина изнесува само 72 километри на час, а просечната потрошувачка е 7,3 литри на 100 километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг