Ситуацијата околу евентуалниот трансфер на Лука Модриќ во редовите на Интер станува уште позамрсена, откако шпанскиот весник „АС” кој прв дознава и објавува проверени информации, излезе со инфо во кое тврди дека Модриќ е во контакт со раководството на Интер, каде се решени да донесат уште еден квалитетен играч од средината на теренот.
Но, раководството на кралскиот клуб предводено од Претседателот Флорентино Перез е сигурен во останувањето на Модриќ во редовите на Реал Мадрид.
– Јас сум во едно сигурен, а тоа е останувањето на Модриќ, во редовите на Реал. Секакви информации од типот на тоа дека заминува од нас, се некакви измислици, кои само му наштетуваат на клубот. Модриќ ниту е незадоволен во клубот, ниту сака да си оди од клубот, – дециден е Перез.
Но, како ќе заврши целата сапуница околу евентуалниот трансфер на Модриќ во Интер, останува времето да покаже, меѓутоа раководството на Интер во едно се сигурни, нема да дозволат да испуштат уште еден квалитетен играч, како што го испуштија Артуро Видал.