Мијатовиќ кај Перез лобира за трансферот на Модриќ

Макфакс

06/08/2018

11:17

2.003

Големина на фонт

а а а

Легендарниот фудбалер на Реал, Предраг Мијатовиќ, закажал состанок со претседателот на клубот, Флорентино Перез, со надеж дека ќе го убеди да го продаде Лука Модриќ, објави „Спортклуб“.

Перез стави до знаење дека го го дозволи трансферот на хрватскиот фудбалер само доколку некој ја плати откупната клаузула што изнесува 750 милиони евра.

Првиот човек на „кралскиот клуб“ не сака да остане без Модриќ, откако претходно клубот го напуштија Кристијано Роналдо и тренерот Зинедин Зидан.

Од друга страна, најдобриот фудбалер на неодамна завршеното Светско првенство, сака да се пресели во Интер, кој му нуди четири годишен договор.

Модриќ, во Мадрид, треба да се појави на 8-ми август, а разврската околу евентуалниот трансфер се очекува во наредните денови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг