Природата нѐ предупредуваше, но ние ја игнориравме: До крајот на овој век, некои делови од Земјата ќе станат смртоносни зони

Точка

02/08/2018

11:30

5.459

Големина на фонт

а а а

Податоците на Агенцијата за истражување на океаните и атмосферата покажуваат дека во првата половина од 2018-та година, температурите на Земјиното тло и површината на океаните ќе бидат прилично многу над просекот.

Тековната година е на добар пат да биде четвртата најтопла година во историјата, покажуваат податоците на Националната агенција за истражување на океаните и атмосферата. Единствените три потопли години од оваа биле 2015-та, 2016-та и 2017-та година.

За експертите нема дилеми – ваквите температури се јасен знак за глобалното затоплување.

„Влијанијата на климатските промени повеќе не се суптилни. Ги гледаме како си играат во реално време во облик на топлотни бранови, поплави, суши и пожари“, изјави Мајкл Ман, климатски експерт и директор на Научниот центар за истражувања на Земјата при Универзитетот „Пен Стејт“.


Најдобриот пример за климатските промени е константниот раст на температурите. Секако, секој дел од Земјата има различни температури, но глобалното затоплување е видливо кога ќе ја анализираме глобалната просечна температура.

Оваа година паднале температурни рекорди на некои делови од Средоземното море, Нов Зеланд и подрачја од Северна Америка, Азија и Австралија. На другиот крај од климатскиот спектар, ниту едно подрачје во периодот од јануари до јуни нема забележано рекордно ниска температура.

Експертите предупредуваат дека ваквите климатски промени ќе ги претворат некои делови од Земјата во смртоносни зони. Тие сметаат дека Големата кинеска низина, до крајот на векот поради честите и големи топлотни бранови ќе стане најсмртоносен регион на светот.


Новите истражувања откриваат дека, доколку не се случат некои радикални кратења на емисиите на штетни гасови во атмосферата, тој регион до 2070-та година ќе биде на удар на влажни топлински бранови. Резултатите се посебно загрижувачки затоа што во тој регион живеат над 700 милиони луѓе кои што се занимаваат со земјоделие и ќе бидат најизложени на климатските промени.

Според експертите, горештините во комбинација со висока влажност ќе создадат услови во кои што, на неколку часа изложеност би можеле да убијат и здрав човек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг