5 навики на најуспешните луѓе: Чекори кои ќе ве водат до посреќен живот

Точка

02/08/2018

12:00

5.369

Големина на фонт

а а а

Дали чувствувате дека вашите навики придонесуваат за добробитот на вашиот живот? Дали се прејадувате? Не се сеќавате кога последен пат одвоивте време за вежбање или било кој спорт?

Амбициозните луѓе се под поголем стрес, па често тие се наоѓаат во ситуација да јадат за да го победат стресот, не спијат доволно и се тркаат со времето сакајќи да постигнат успех на секое поле. Со ваквите лоши навики, му нанесуваме штета на нашето тело и сакајќи да направиме повеќе, ние всушност губиме многу повеќе од што добиваме.

Доколку се потрудите да ги воведете овие пет добри навики во своето секојдневие, успехот и среќата се неизбежни. Сè започнува со вас. 

1. Успешните луѓе секогаш одвојуваат време за вежбање и спорт

Колку од познатите личности или влијателни и моќни луѓе кои ги познавате не се фит? Одговорот е сигурно малкумина, бидејќи вистината е дека мнозинството од успешните луѓе се во одлична форма. Зошто е тоа така? Повеќето од нив за да стигнат до местото на кое што се, практикуваат спорт, вежбаат и се грижат за своето тело.


Можеби ќе си речете „Ах, лесно е кога имаш многу пари и услови какви што имаат тие“? Тоа е само уште едно оправдание за недостатокот на мотивација, бидејќи за да вежбате не ви е потребна луксузна теретана или опрема за вежбање. Реалноста е дека сè што е потребно е да почнете да се движите! Трчајте или правете вежби со тежината на вашето тело без никакви додатоци, справи или тегови.

2. Јадат многу зеленчук

Една од работите кои може да ги направите за да допринесете за вашето здравје е да јадете многу зеленчук. Да, зелениот и шареноликиот зеленчук треба во голем процент да ја надополнуваат вашата чинија. Не мора да станете вегани и да го обожувате зеленчукот, но осигурајте се дека тој ќе ја „избрка“ процесираната храна од вашите чинии. Стремете се кон тоа да јадете повеќе зелен зеленчук како: краставица, пиперки, брокула.. бидејќи тие содржат многу повеќе хранливи вредности и помалку шеќери од другите.

3. Внимателен избор на храна и внес на многу протеини


Седнувате да гледате серија или некој филм и пред вас магично се појавува чипсот и газираните сокови? Вишок на килограми и нарушување на балансот на телото е сè што може да добиете од оваа храна. На патот кон успехот и среќата треба многу внимателно да ги одбирате продуктите и да се трудите да внесувате протеинска храна во што е можно поголемо количество. Месото, јајцата, рибата и млечните производи богати со протеин треба да се најзастапени во вашите оброци. Кога помислуваме на луѓе кои се успешни, втора помисла на ум ни е зафатени луѓе зар не? И тоа е вистина. Многуте обврски често не дозволуваат да изгубите многу време во приготвување на здравите оброци, но и за тоа има решение.  

Про Фит на нашиот пазар нуди две нутриционистички програми на храна која се базира на многу високо количество протеин. NuMe и Life Nutrition располагаат со асортиман на продукти кои пред сè се вкусни, многу едноставни за подготовка или веќе подготвени, содржат многу големо количество протеин, а многу малку јаглехидрати. Производите на NuMe и Life Nutrition се совршен избор пред сè за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми, а и за луѓето кои сакаат да се хранат здраво и да го одржуваат телото во топ форма. Многу познати личности меѓу кои Адриана Лима, Џесика Симпсон и Џенифер Лопез косумираат ваков тип на храна бидејќи преку овие оброци телото добива сè што му е потребно од хранливи вредности.

4. Спиењето и одморот се задолжителни

Повеќето од луѓето кои секојдневно работат на својот успех се будат рано и си легнуваат порано. Квалитетот на спиењето, како и квантитетот, се многу значајни за секојдневното функционирање и одржување на имунитетот на организмот. Сите некогаш сме биле ненаспани и знаеме дека тогаш нашата продуктивност е на најниско ниво. Како да се одвикнете од легнувањето во доцните часови и ненаспаноста? Тргнете го телефонот подалеку од себе пред легнување.  

Направете план и одредете си време кое е најповолно за да си легнете и трудете се да се држите до тој распоред. Проветрувајте ја собата пред да спиете и изгаснете ги светлата. Можеби првите неколку дена ќе заспивате со потешкотија, но откако телото ќе се привикне, вие повеќе нема да имате денови исполнети со ненаспаност. Разбудете се порано, ќе се чувствувате посвежи и полни со енергија. Зграпчете го денот и приликите кои тој ви ги нуди.

5. Здравјето е приоритет

Ставете се себе пред сè. Обрските се многу важни, но кој ќе ги заврши истите доколку вашето здравје не е во ред? Слушајте го телото, тоа секогаш ни дава знаци за она што му е потребно. Доколку се чувствувате уморни, поспијте малку во текот на денот. Кога чувствувате глад или жед, јадете и пијте вода редовно за да ја одржите хидратацијата.  

Доколку немате време да си приготвите нешто за јадење или сте во движење, во било кое време може да изедете оброк од NuMe или Life Nutrition бидејќи истите може да ги носите секаде со себе. Изедете протеински бар, бисквити, протеински чипс или доколку сакате нешто послатко, тука е и пудингот од чоколадо за кој ви е потребно само вода и шише во кое може да ја промешате смесата. Грижете се внимателно за своето здравје, бидејќи тоа е клучно за успехот и среќата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг