Направете домашен лосион за сончање од 3 состојки

Точка

30/07/2018

16:27

2.629

Големина на фонт

а а а

Иако во продавниците имате огромен избор на лосиони, креми и масла за сончање, со различни мириси и заштитни фактори, многумина преферираат природни лосиони, кои имаат проверени состојки.

Ви нудиме рецепт за домашен лосион за сочање, од само три состојки.

Сите три состојки можеби ги имате во вашиот дом, се работи за кокосово масло, црн чај и ланолин. Ако нешто од ова немате, тоа е веројатно ланолинот, кој можете да го набавите во аптека.


Овие состојки се специјално одбрани за природните рецептори, бидејќи сите три во комбинација - го убрзуваат процесот за добивање боја, штитат од сонце и ја омекнуваат кожата. Покрај тоа, црнит чај содржи антиоксиданси кои ќе го одржуваат вашето тело здраво и после изложувањето на сонце.

Најпрво сварете 3-4 кесички црн чај и оставете го малку да се излади на собна температура. За тоа време, во бледнер ставете 3-4 лажици кокосово масло, 3-4 лажици ланолин и половина од сварениот чај. Мешајте 2-3 минути и полека додадете го остатокот од чајот. Мешајте додека состојките не се соединат.


Префрлете го во сад или шише и цврсто затворете го. Бидете претпазливи додека го користите лосионот, бидејќи остава траги на облеката.

Уште една предност на овој лосион е тоа што тенот кој ќе го добиете ќе го имате и во текот на зимските денови. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг