Состојката која е најпотребна за здрава и убава кожа

Точка

26/07/2018

12:00

4.880

Големина на фонт

а а а

Колагенот е најбогатиот протеин во телото. Тој го составува сврзното ткиво околу зглобовите и ја прави кожата еластична, здрава и свежа. Овој протеин игра многу важна улога и при здравјето на косата, ноктите, коските и обложеноста на цревата.

Колагенот не се смета за совршена белковина бидејќи не ги содржи деветте есенцијални аминокиселини, но сепак тој е единствената белковина која ги содржи двете аминокиселини кои ги создава нашето тело, а тоа се глицин и пролин.

Како старееме, создавањето на колагенот во нашето тело се успорува. Постепената загуба на овој протеин започнува во доцните 20-ти или раните 30-ти години од животот. Најизразен симптом за намалено присуство на колаген е појавата на брчки. Освен годините и други фактори се причина за намаленото количество на колаген во нашето тело. Изложеноста на сонце, алкохолот и рафинираните шеќери го забрзувааат процесот на стареење и потребно е да се избегнуваат што е можно повеќе.

Поради овие факти, не сме изненадени што колагенот е омилена состојка за спречување на создавањето на брчки и висната кожа која е многу честа појава кај луѓето кои слабеат. Во последно време, колагенот станува омилен додаток и во исхраната, особено кај жените. 


Мноштвото истражувања докажуваат дека колагенот општо има добро влијание врз целосното здравје, метаболизмот и секако губењето на вишокот килограми. Сепак, ефектот е најголем за здравјето на кожата, зглобовите и коските.  

Како да го внесете колагенот преку исхрана?

Најдобриот извор на колаген доаѓа од животинските белковини како што се говедското, пилешкото и свинското месо, рибата, некои морки продукти и белки од јајца.

Бидејќи колагенот се наоѓа во продуктите кои доаѓаат од животинско потекло, како извор на овој протеин не постои храна која е веганска, но постојат други извори кои го помагаат производството на колаген како: Витамин А, витамин Ц, цинк бакар и железо. 

Многу лесен и едноставен начин за да го консумирате колагенот е и преку храна nuMe. Всушност, со оброците на nuMe во текот на денот вие може да внесете и до 10 г. колаген. Имено, овие оброци се можеби и најдостапниот и најбрзиот начин да внесете толкаво количество на колаген. Можете да си подготвите шејк ( од четири различни вкусови), да јадете барчиња со вкус на кремаст кекс или да си подготвите зеленчукова супа nuMe. Овие продукти ќе ја збогатат вашата исхрана и ќе ви го олеснат приготвувањето на своите оброци, бидејќи се што ви е потребно е вода и шејкер nuMe (или доколку немате шејкер, може да користите шише). 

На што треба да внимавате?


Добрата вест е дека телото добро го поднесува колагенот. Важно е да земете предвид дека колагенот не е совршен извор на белковини и поради тоа не смеете да го користите како единствен извор на белковини во својата исхрана. Исто така, важно е да знаете дека телото ги претвара сите белковини во аминокиселини. Преку храната nuMe вие го внесувате целото количество на колаген кое ви е потребно за секојдневните активности.

Како да го одберете најдобриот колагенски додаток?


Не секој колаген се произведува на ист начин. Бидејќи колагенот произлегува од продуктите од животинско потекло, важно е да го одберете колагенот од некој квалитетен извор. Тука спаѓа и храна nuMe, како квалитетен извор на колаген која е клинички проверена. Преку нутриционистичката програма nuMe исто така внесувате 100% од потребните витамини, минерали и влакна кои помагаат во целиот процес кон остварување на вашите цели без разлика дали станува збор за слабеење или едноставно одржување на здравјето на вашиот организам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг