Пристигнува наскоро: Audi го најави новиот Q3

Точка

24/07/2018

16:49

5.005

Големина на фонт

а а а

После претставувањето на новиот Q8, A1 Sportback и унапредениот TT, време е за новата генерација на Audi Q3.

Audi втората генерација на својот кросовер ќе ја претстави на 25-ти јули. После бројни шпионски фотографии, од германскиот гигант со најавно видео го потврдија новиот дизајнерски стил во своето SUV „семејство“.

Иако нема да има претерани измени во однос на постоечкиот модел, новиот Q3 сепак ќе има значајно помодерна линија кога станува збор за надворешноста на возилото.

Што се однесува до погонот, се очекуваат стандардните агрегати 1,5-литарскиот TSI и 2.0-литарскиот TDI мотор, а подоцна би требало да се појави и plug-in хибридот кој на електрична енергија ќе може да помине околу 50 километри.

Исто така, во текот на 2019-та година се очекува Audi да ги претстави спортските варијанти SQ3 и RS Q3, а сите детали за новата генерација на Q3 ќе ги дознаеме овие денови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг