Овие ужасни фотографии и видеа од Грција говорат повеќе од зборови, погледнете ги страшните глетки од катастрофалните пожари

Точка

24/07/2018

21:55

26.623

Големина на фонт

а а а

Социјалните мрежи се преполни со страшни снимки и фотографии од Грција кои сведочат за ужасните размери на трагедии кои ја зафатија оваа држава. Се бројат мртвите, а состојбата е хаотична.

Властите побарале помош од Европската Унија, бидејќи не можат сами да се изборат со многубројните пожари од големи размери. 

Најтешка е ситуацијата во туристичкото место Мати, 29 километри од Атина, кое се најде во огнен обрач и целото население и туристи не успеале сите да побегнат на сигурно.


Огнените пламени за време на ноќта навлегле во самото место и како што наведуваат сведоците сосема го уништиле.


Телата на 26 лица кои настрадале се пронајдени рано наутро во дворот на една вила во Мати, кај Атина соопштува Црвениот крст.


Најмалку 50 лица го загубија животот, а повеќе од 150 се повредени во пожарите кои ја зафатија источна Атина, а помеѓу жртвите е и едно 6 месечно бебе кое најверојатно се задушило од чадот.


Регионалните власти прогласија вонредна состојба во источните и западните делови на поширокото подрачје на Атина.

##https://twitter.com/g0rilla_zo/status/1021571278979981312##




Спонзорирани линкови

Маркетинг