Јапонците не ја тргаат насмевката од своето лице, а ова е нивната лекција за среќа

Точка

23/07/2018

15:47

2.024

Големина на фонт

а а а

Јапонија е неверојатна држава поради многу работи, а Јапонците го привлекле вниманието и за време на Светското првенство во фудбал, кога по секој натпревар детално ги чистеле трибините на стадионите.

Целиот свет пишувал за овој потег на навивачите како за сензација, а всушност станува збор за едноставна пракса според која живеат Јапонците. 

Тоа што се забележува е дека Јапонците се среќен народ, а тоа произлегува од тоа што се внимателни едни кон други. Во Јапонија луѓето прават работи размислувајќи за другите, наместо да мислат само на себе.

Така, на пример, Јапонците секогаш ќе пропуштат некој кој брза на подвижните скали. Во Јапонија секој автоматски ќе ја направи исправната работа, за да им го олесни животот на другите.

Видеото кое било објавено на интернет зборува за лекцијата за среќа која целиот свет може да ја научи од Јапонија:

- Можете да преспиете во метрото бидејќи луѓето се тивки.

- Можете да уживате во чистите улици бидејќи луѓето не фрлат отпадоци.

- Можете да се чувствувате како кралско семејство, бидејќи луѓето ќе ве услужат со насмевка.

- Во полно кафуле можете да ги оставите телефонот и таблетот и никој нема да ви го украде.

- Можете да го паркирате велосипедот надвор и ќе го најдете на истото место кога ќе се вратите.

- На улица можете да видите и скутери со клуч на бравата.

Кога ќе создадете општество во кое луѓето се свесни за другите луѓе - животот е подобар за сите. Тоа е лекцијата која целиот свет може да ја научи од Јапонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг