Трамп има сериозна конкуренција: Ибрахимовиќ уште еднаш издоминира со својата изјава

Дерби

23/07/2018

15:46

2.195

Големина на фонт

а а а

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ продолжува со фантастичните партии во дресот на Лос Анџелес Галакси.

Напаѓачот уште еднаш беше креатор на победа на тимот од Лос Анџелес, овој пат против Филаделфија во натпревар на кој постигна еден погодок, а забележа и една асистенција.

По натпреварот, очекувано од Златан, слушнавме интересна изјава која уште еднаш во преден план го стави неговото его.

- Имаат среќа што не дојдов пред десет години овде, затоа што денес ќе бев претседател - коментираше Ибрахимовиќ.

36-годишниот напаѓач на својот 15 натпревар во дресот на Галакси го постигна 12 погодок и во моментов е најефикасен играч во МЛС Лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг