Режисерот на "Guardians of the Galaxy" е отпуштен бидејќи се пошегувал за педофилијата и силувањето

Точка

23/07/2018

15:44

2.377

Големина на фонт

а а а

Режисерот на филмот "Guardians of the Galaxy", Џејмс Ган е отпуштен поради старите твитови во кои се пошегува на темата како што се педофилијата и силувањето.

"Навредливата содржина и ставови кои се откриени на профилот на Џејмс на Твитер е невозможно да се одбранат, тие не се поклопуваат со вредностите на нашето студио, па само ги прекинавме работните односи со него", соопшти претседателот на компанијата Волт Дизни, Алан Хорн. 

Од почетокот, сценаристот и режисерот на франшизата "Guardians of the Galaxy", Ган од тој стрип на Марвел направи комична небесна опера со ретро музика, која стана голем хит. Двата филмови досега во светот заработија повеќе од милијарда и пол долари.


Ган синоќа после отпуштањето поради старите твитови се извини и ги изнесе сличните ставови на Твитер еден ден претходно.

"Моите зборови од пред речиси една деценија беа сосема неуспешни и несреќен обид да бидам провокативен. Веќе долги години жалам поради нив, не поради тоа што не беа духовити, туку бидејќи беа глупави, непристојни и сигурно не беа провокативни, како што се надевав, туку и затоа што не се одразуваат на она каков сум јас денес", вели Ган.

Дизни сè уште не ја најави замената на Ган.




Спонзорирани линкови

Маркетинг