Жоао Мутињо се сели во Премиер лигата

Дерби

23/07/2018

14:57

1.606

Големина на фонт

а а а

Искусниот португалски интернационалец, Жоао Мутињо е блиску до трансфер во новиот премиерлигаш, Вулверхемптон.

31-годишниот фудбалер кој е член на Монако за пет милиони фунти ќе се пресели на „Мулинукс“ и во новата сезона ќе го носи дресот на Вулверхемптон.

Вулверхемптон ќе му понуди двегодишен договор на Мутињо кој ќе биде прв избор на средината на теренот заедно со најдобриот фудбалер на клубот, Рубен Невеш.

Искусниот фудбалер во својата репрезентативна кариера има забележано 113 настапи, додека во клупската кариера со успех ги носел дресовите на Спортинг Лисабон, Порто и Монако.



Спонзорирани линкови

Маркетинг