Богатството на Ѓоковиќ не е од турнири: Боли глава колку заработува од спонзори

Дерби

23/07/2018

14:56

1.615

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ минатата седмица успеа да оствари голем резултат и по пауза од две години да триумфира на еден грен слен или во случајов на Вимблдон.

Со тоа српскиот ас најави подобри времиња, настапи по лошиот период низ кој мина, период, резултати и проблеми поради кои размилсувал и да го остави тенисот, како што пренесе „Скај Спорт“.

Некои злобници по социјалните мрежи му пишуваа постојано дека Ноле се мачи и игра тенис само поради договорите со спонзорите. Но, дефинитивно тој со освојувањето на Вимблдон го демантираше. Сепак според ,,Форбс” во периодот од една година (мај, 2017-мај 2018) тој заработил околу 24 милиони долари. Интересно е што само еден милион долари има заработено од турнирите другото е се од спонзори.

„Лакост“ во наредните 5 години секоја година ќе му исплаќа скоро 10 милиони долари, „Хед“ му исплаќа по 7,5 милиони долари годишно, додека ,,Сеико” му исплаќа 5 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг