Медиумите во Италија пренесуваат дека од Милан му понудиле четиригодишен договор на Гонзало Игуаин вреден 4.5 милиони евра по сезона.
По пристигнувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, аргентинскиот напаѓач стана прекуброен во тимот и се поврзува со заминување од „Старата Дама“.
До денес Челси беа фаворити за неговиот потпис, но по обновениот интерес на Росонерите, и испратената понуда сега е поверојатно тој да остане во Серија А.
Доколку се заврши како што треба, Милан на Јувентус ќе треба да им плати сума од околу 60 милиони евра.