Донесена одлуката за сомнителните пораки: Парма казнета со одземање бодови, Калаио со драстична казна

Дерби

23/07/2018

14:47

1.195

Големина на фонт

а а а

Од Фудбалскиот сојуз на Италија објавија дека Парма ќе ја почне сезоната со минус од пет бодови, додека играчот на „Млекарите“ Емануеле Калаио доби драстично голема казна од две години забрана за играње фудбал.

Од ФС Италија се одлучија на ваков чекор по деталната истрага по сомневањата дека натпреварот со Специја е наместен. Тогаш Калаио заедно со Фабио Чераволо на четири дена до почетокот на натпреварот со Специја испратиле пораки со сомнителна содржина на фудбалерите на противничката екипа, Филипо Де Кол и Клаудио Терци.

Од Парма се бранеа дека пораките биле шега и дека во нив немало ништо спорно. Сепак, од ФС Италија не сметаат така и со казната од две години веројатно и предвреме ја завршија кариерата на 36 годишниот Емануеле Калаио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг