Хрватскиот министер за туризам: "Турција не е во Европска Унија па можат за 400 евра да нудат лет и сместување за 7 дена"

Точка

23/07/2018

14:28

4.871

Големина на фонт

а а а

Во ударниот туристички викенд не се повторија спектакуларните резултати од минатата година. Во четирите наредни викенди, кога се очекува најголемиот прелив на гости, влеговме со помалку гости околу 160.000 туристи, потврди за Медиа сервис минстерот за туризам на Хрватска, Гари Капели.

Но, порачува дека тоа не го намалува фактот дека Хрватска бележи континуиран раст кога е во прашање туризмот. 

Грција и Турција изминатите неколку години бележеа значаен пад, па сега се борат за секој гостин. Цените на смештаите се исклучително поволни. Но, министерот Гари Капели порачува дека нема никаква разлика за паника. Хрватска бележи контиуниуран раст од 5 до 7 %, вели министерот.

"Ние некако ќе го израмниме она што го планиравме во текот на годината, а тоа е раст помеѓу 5 и 7 %, што во последните две години е раст од 20 %. Тоа го сметам за еден извонреден резултат", рекол Капели.

На прашањето дали Хрватска бележи пад на бројот на туристи во јули, минстерот Капели вели:

"Вие зборувате за 15, 20 дена. Месецот трае уште 10 дена. Ние во јули ќе имаме пораст. Исто така никој не го напоменува порастот кој беше во април и мај од 50 до 60 % во некои дестинации. Што значи на крајот имаме пораст на цела година. На крајот, можеби баш поради тоа некој прави непотребна паника".


"Немаме капацитет секоја година да растеме за 12 %"

Се повторува дека минатогодишниот раст од 12 % нешто според кое Хрватска поради инфраструктура и капацитет не треба да тежнее.

"Ниту Хрватска нема капацитет секоја година да има раст околу 12 %. Има нешто повеќе капацитет во приватното сместување. Меѓутоа, немаме намера да кажеме дека во јули имаме повеќе или помалку отколку да имаме континуиран раст на годишна основа во бројка што е реална за Хрватска во наредните години", вели Капели.

Додава дека секогаш постои простор за подобрување, а го коментираше и фактот дека Турција поради поволните цени бележи раст од 32 %.

"Тие не се членки на ЕУ и можат да прават што сакаат. Ние како членови на ЕУ можеме за 400 евра да субвенционираме авиокомпании и за тие пари да добијат лет и сместување од 4 или 5 ѕвезди за седум дена. Тоа не е реално. Тоа го можете една година или две, а тие ќе се вратат во реалниот живот", нагласува министерот.

Истовремено хрватските хотелиери ги подигнуваат цените за сместувањето и тоа за 10 %.

"Во извештајот за работа за првите три месеци имале по 30 % подобри финансиски резултати отколку една година претходно. По стратегијата за развој на туризмот ние до 2020 година би требало да достигнеме 100 милиони ноќевања, а ние тоа го постигнавме минатата година. Што значи, Хрватска мора да се стопира на бројот на ноќевања и пристигнувања со оглед на целосната стратегија што ја имаме", вели Капели.

Хрватска сега треба да се фокусира кон квалитетното сместување и содржините кои ги нуди, па во склад со тоа да ги корегира одредени цени, завршува Капели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг