Според Хорнер, Хонда се 1% послаби од Рено

КРУГ.МК

23/07/2018

15:03

1.094

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува во Хонда со која ќе соработуваат следната година сметајќи дека овогодинешните резултати на екипата би биле исти и доколку користеле нивни мотори.

„Ќе победевме на трките кои ги победивме сезонава и доколку се тркавме со мотори на Хонда затоа што тие се само 1% послаби од Рено согласно мерењата кои ги направивме. Сепак, заостатокот зад Мерцедес и Ферари е сеуште голем.

Имајќи го сиот фокус на Хонда за себе комбинирано со фактот што Рено се повеќе стануваа муштериски ориентирани поради посветеноста на фабричката екипа, неизбежно беше да мислиме на нашиот тим и ова беше апсолутно правилно време за да тргнеме по тој пат“, смета Хорнер.

Британецот смета дека тие ќе имаат подобар старт следната сезона со оглед на поефикасните процеси за имплементација на моторот кои ќе ги имаат со јапонците.

„Во моментов со Рено сме во таква позиција што секое измена на позициите, секое поместување е диктирано од нивната фабричка екипа, а ние мораме да се согласиме со тоа што Рено Енстон го сака за својата екипа. Понекогаш мораме да правиме компромиси за да го адаптираме агрегатот во шасијата.

Со Хонда ќе имаме можност однапред да дискутираме со цел оптимално да се оптимизира нивниот мотор со нашиот производ. Имаат капацитет, имаат ресурси, а Рено во последно време се мачеа со финансиските обврски кои со себе го носат истражувањето и развојот. Мерцедес многу потрошија во тој сегмент, а исто и Ферари.

Моторите се премногу сложени и гледате како се прават минимални придобивки со секоја нова спецификација“, дообјасни Хорнер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг