Трет обид за договор меѓу лидерите за референдумот

Макфакс

23/07/2018

09:45

2.554

Големина на фонт

а а а

Трета лидерска средба на претседателите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса во обид да се најде решение за формирање на Државната изборна комисија.

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса, денеска повторно седнаа на иста маса, во трет обид да најдат заедничко решение за формирање на Државната изборна комисија и за прашањата поврзани со референдумот околу договорот за името со Република Грција.

На средбата присуствуваат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски и Билал Касами од тетовското крило на БЕСА.

Се очекува да се разговара и за условите на ВМРО-ДПМНЕ – Законот за финансирање на партии и барањето за техничка влада по теркот на „пржинската“, како и за измените во Кривичниот законик поврзани со намалување на казните за злоупотреба на службената положба.

По завршувањето на минатата лидерска средба, премиерот Заев потенцираше дека нема компромис за амнестија, директна или индиректна, а лидерот н ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на прашање зошто опозицијата ги условува преговорите со амнестијата, рече дека тоа е манипулација и дека за ова прашање не се преговара.



Спонзорирани линкови

Маркетинг