Нејмар со објаснување зошто толку симулира

Точка

23/07/2018

09:08

2.161

Големина на фонт

а а а

Настапот на Нејмар на Светското првенство во Русија го одбележаа неговите бројни симулации и лежењето на теренот кое што траеше повеќе од 14 минути.

Сепак, според Бразилецот, неговото симулирање станало актуелно поради луѓето кои што не го разбираат фудбалот.

„Тоа е мојот стил, тргнувам кон дефанзивецот и се обидувам да го пројдам со дриблинг. Не можам да му речам „те молам тргни се, сакам да дадам гол“. Знаете, јас сум лесен и брз, тоа ми е најсилното оружје и јасно е дека побавните играчи ќе ме сопрат со нешто поостар прекршок“, изјави Нејмар и додаде:

„Мислите ли дека сакам да ме тепаат за време на натпреварите? Никој не го сака тоа, а јас секој натпревар го завршувам со четири или пет парчиња мраз на нозете, тоа знае да боли“, изјави Нејмар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг