Крај за Асанж: Основачот на Викиликс ја губи заштитата на Еквадор и наскоро ќе биде исфрлен од амбасадата?

Точка

22/07/2018

16:53

6.370

Големина на фонт

а а а

Еквадор е се поблиску кон носење на одлуката за укинување на азилот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и да го исфрли од својата амбасада во Лондон, објави американскиот истражувачки новинар Глен Гринвалд.

Еквадорскиот претседател Ленин Морено во петокот ја посети Велика Британија каде што имаше средба со британските високи функционери со кои што разговарал за азилот на Асанж, односно за негово укинување, по што основачот на Викиликс би бил предаден на британските власти кои што ќе го сместат во притвор.

Новинарот Глен Гринвалд, повикувајќи се на извори блиски до еквадорскиот претседател и министерството за надворешни работи, тврди дека на почетокот на оваа седмица Асанж би можел веќе да биде исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон.

Австралискиот државјанин Асанж се наоѓа во амбасадата на Еквадор од 2012-та година откако во Шведска беше обвинет за сексуален напад. Тој не смее да биде уапсен додека е во амбасадата на Еквадор, меѓутоа во моментот кога ќе излезе, тој веднаш ќе се најде зад решетки.

Шведските власти во меѓувреме се откажаа од обвинението, но во Велика Британија и натаму му се заканува апсење, затоа што тогаш не се одзвал на судскиот повик.

Асанж тогаш верувал дека доколку се појави во британските судови, тој веднаш би бил уапсен и екстрадиран во Соединетите Американски Држави, каде што би бил испрашуван за активностите на Викиликс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг