Милан го шокирал Монтоливо со својата последна одлука

Дерби

22/07/2018

16:18

2.320

Големина на фонт

а а а

Милан сака да се раздели со искусниот Рикардо Монтоливо, но фановите не се најсреќни поради начинот на кој раководството се однесува со поранешниот капитен.

Не е изненадување што Џенаро Гатузо и неговите претпоставени нема да сметаат на Монтоливо во новата сезона, но тој до последен момент не бил информиран дека нема да патува со екипата во Соединетите Американски Држави. Медиумите тврдат дека тој пристигнал во клупската база подготвен за патувањето и дури тогаш му било соопштено дека не е на списокот на патници за американската турнеја.

Монтоливо дури не добил можност да зборува со Гатузо или член на раководството, туку тим менаџерот му соопштил дека може да продолжи со тренинзи во клупската база Миланело. Се очекува Монтоливо да ја продолжи кариерата во Болоња, екипата која е најзаинтересирана за неговите услуги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг