Рамос доставил предлог кој треба да ја наследи „7-та“ на Роналдо

Дерби

22/07/2018

15:39

4.557

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо остави празно место во Реал Мадрид со заминувањето во Јувентус, не само поради огромните квалитети кои ги поседува, туку и поради фактот што навивачите навикнаа на неговите голови и рушењето на многубројни рекорди во изминативе девет години.

Португалецот направи историја со своите бројки во Реал Мадрид и уште толку му даде на значење на дресот со број „7“, а интересно е тоа што за новата сезона неизвесно е и тоа кој ќе го наследи овој број кој носи огромна одговорност. Добро познато е дека Роналдо го наследи овој број од легендарниот Раул Гонзалес, а едно од прашањата кои ќе предизвикаат најголемо внимание во наредниот период во шпанската престолнина е токму тоа поврзано за „7-ката“.

Иако во игра се и звучните засилувања кои ги најави Флорентино Перез, а кои допрва треба да пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, сепак капитенот Серхио Рамос дал предлог дека овој број има природен наследник во актуелниот тим на Реал.

Како што пренесува угледниот мадридски весник „Диарио Гол“, Рамос испратил предлог до Флорентино Перез околу тоа кој треба да го носи овој број, а повеќе од јасно е дека неговиот капитенски статус ќе земе земен во предвид.

– Асенсио треба да го наследи дресот со број „7“, – му порачал капитенот на Перез според „Диарио Гол“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг