Фотографијата со замрзнатите трепки го обиколила светот: Со новата фотографија покажала дека летата во Сибир се поголем хорор од зимите

Точка

21/07/2018

17:42

7.173

Големина на фонт

а а а

Анастасија Груздева од Јакутск станала позната како девојката со замрзнатите трепки откако минатата година објавила фотографија на својот профил на Инстаграм за тоа како изгледа зимата во Сибир.



Неколку месеци подоцна објавила фотографија од тоа како изгледаат летата во Сибир.

Имено, температурите во текот на летото во Сибир достигнуваат и до 30 степени Целзиусови, а може да биде и некој степен потопло.

Но, луѓето овие простори во летниот период ги мачат нови маки - комарци.

"Девојката со замрзнати трепки" станала "девојката чие лице е прекриено со комарци".

"Оваа ситуација се случи и беше снимена во рок од неколку секунди. Во суштина, не ги чувствуваш толку на своето лице. Сепак почувствителни се нозете, рацете и грбот, но една мисла ми мина низ глава: дали може да се умре од нивното "касање"", рекла Анастасија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг