Апокалиптични сцени, прогласена катастрофа: Страшно торнадо ја опустоши американската држава

Точка

21/07/2018

11:24

3.440

Големина на фонт

а а а

Гувернерот на американската сојузна држава Ајова прогласил катастрофа во четири окрузи погодени од торнадата.

Тој потег на американскиот гувернер Ким Рејнолдс овозможува да се користат државните ресурси за да се помогне во отстранување на штетата, настаната откако торнадото минало низ окрузите Ли, Маршал, Полк и Ван Бурен. 

Националната метеоролошка служба соопштила дека најмалку едно деструктивно торнадо минало низ централна Ајова. Во невремето биле повредени 17 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг