Нов анти-мигрантски закон во Унгарија: Се воведува повисок данок за организациите кои што им помагаат на мигрантите

Точка

21/07/2018

10:30

1.491

Големина на фонт

а а а

Унгарските пратеници го усвоија законот за воведување на данок од 25% на парична или материјална поддршка за организациите кои што ја промовираат миграцијата.

Овој посебен закон за оданочување на невладините организации кои што ја промовираат миграцијата е само дел од антимигрантската политика на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој што тврди дека масовното доаѓање на муслиманските мигранти во Европа е закана по христијанската култура на Стариот континент.

Според законот кој што беше усвоен вчера, кој што инаку е дел од широката промена на даночните закони во Унгарија, средствата собрани со овој закон ќе се користат за зајакнување на одбраната на унгарските граници.


Во промоцијата на миграцијата, според новиот Закон, спаѓаат кампањите во медиумите, семинарите и „пропагандните активности кои што имиграцијата ја претставуваат во позитивно светло“.

Меѓународната организација “Amnesty International” соопшти дека станува збор за казнен данок за организациите кои што „за миграцијата размислуваат и говорат поинаку од владата на Унгарија“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг