Светски „мејкап“ хит што мора да го пробате ова лето

Точка

20/07/2018

21:14

3.956

Големина на фонт

а а а

Овој пат не се работи за некој бизарен тренд, туку за старо-нов начин на шминкање.

Класичните „мачкини очи“ - исто како црвениот кармин, никогаш нема да излезат од мода, а ако сакате малку да го промените начинот на шминкање на очите, со туш, ова е тренд што мора да го испробате летово.

Така наречените „лебдечки мачкини очи“ се сведуваат на повлекување линија со тушот во пределот на горниот капак, а овој изглед го обожуваат Кајли Џенер, Ариана Гранде други бројни познати и помалку познати бјути инфлуенсерки од Инстаграм.

Изгледот можете да го постигнете со класичен црн туш, но ова лето „мејкапот“ во светли бои има свој славен момент, па тоа е и најтрендовскиот начин за да го испробате овој изглед.

Тоа што е многу важно во постигнувањето на овој изглед е добро да ја позиционирате линијата за да не изгледате изненадено и тажно.

„Додека се шминкате, подигнете ја брадата и гледајте во огледалото од надолу, за да можете точно да го нанесете тушот врз капакот“, советува „мејкап“ шминкерката на славните, Каролина Барнес, и додава дека можеби најдобро би било прво да повлечете линија со пенкало, па потоа да ја повторите со туш.

Исто така, пред да почнете да користите пенкало или туш, најдобро би било на капакот прво да нанесете неутрална мат сенка, за да не ви се растече шминката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг