Зошто анксиозните жени се најсилни и најхрабри?

Точка

20/07/2018

20:20

3.943

Големина на фонт

а а а

Жените што се борат со анксиозност дефинитивно се најсилните жени на светот! Тие се способни да бидат мајки, работнички, пријателки, тие можат да бидат сè и за тоа напорно се трудат, но во меѓувреме, тие се мртви одвнатре. Нивниот дух е потполно изморен од постојано психичко и физичко малтретирање, наречено анксиозност.

Анксиозноста дефинитивно е болест на 21-от век, како што многумина веќе заклучија. Тоа се случува бидејќи живееме брз, немирен и динамичен живот. Нашите мозоци постојано се преплавени со многу информации и нашите емоционални вредности не се природни, како што им биле на жените пред десетина или сто генерации.


Човештвото е поделено, исто како човечката свест. И покрај овие торнада од негативност и суеверие, имаме човечка душа на една просечна жена. За тие што сакаат да видат што се случува, за тие што чувствуваат негативна сила на сè околу себе и одбиваат да ги затворат очите (свесно или не) - „наградата“ е анксиозност.


Кога се развивате како анксиозно човечко суштество, никогаш нема да можете да бидете стари. Допаминот во вашиот мозок никогаш нема да има исти тек и нема да се излачува како претходно, што значи дека анксиозноста ќе биде почеста од среќата. Во секој случај, жените што се борат со анксиозноста и постојано бараат начин за да бидат совршени, се најсилните жени меѓу нас.

Таа не е жртва на нејзината психичка борба, бидејќи знае дека во нејзниото срце има нешто многу повеќе од демоните што живеат во нејзиниот мозок.


Таа знае колку е важно да не се откажува, бидејќи има многу што да даде од себе и не може да дозволи нејзината состојба да го диктира нејзиниот живот. Исто како и останатите, и таа има цели и соништа и сè што сака е да биде во состојба - онаква каква што таа сака.

Таа е силна, интелегентна и храбра, па дури и кога чувствува дека не може да го издржи она што ѝ го нуди анксиозноста, го чувствува сопствениот пулс и се потсетува на тоа колку таа му е потребна на овој свет, а секако и на личноста што ја сака.

Нејзината цел е никогаш да не го одбере полесниот пат, таа ги превзема рабтите во свои раце, бидејќи сама на себеси е најголем херој.

И понатаму ќе го покажува тоа, дури иако емоционалната нерамнотежа и природата на женската душа не се посилни од моќта на љубовта и моќната определба на човечката личност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг