Од секси ријалити ѕвезди до актери и фудбалери: Овие познати личности заработиле најмногу минатата година

Точка

22/07/2018

15:42

10.827

Големина на фонт

а а а

Ова е листата на "Forbes" за најплатени познати личности во светот. Погледнете кој колку заработил и од што.

Флојд Мејведер 

Не е случајно што боксерот Флодј Мејведер го добил прекарот "Money". Неговата годишна заработка се проценува на 285 милиони долари и прв пат е на листата на "Forbes" за најплатени познати личности. 41-годишниот спортист, кој често се фотографира во својот кревет со банкноти, во 2015. година сакал да се повлече, но во 2017. година се премислил и влегол во ринг со ММА борецот Конор МекГрегор. Само тој меч му донел заработувачка од околу 239 милиони долари.

Џорџ Клуни

Актерот го заземал второто место на листата на "Forbes". Меѓутоа, најголемата заработувачка не му ја донела глумата, туку продажбата на текилата "Casamigos". Брендот го создал со двајца партнери. Мината година заработил околу 239 милиони долари.

Кајли Џенер

Ако може да се верува во прогнозите на "Forbes", 20-годишната ријалити ѕвезда наскоро би можела да влезе во историјата како најмлада милијардерка во САД, која се збогатила со сопствената работа. Нејзината козметичка империја "Kylie Cosmetisc" вреди 800 милиони долари и на Џенер и носи заработувачка од 166,5 милиони долари. Со 110 милиони фанови на Инстаграм, таа е најистакната личност на социјалните мрежи. Нејзиното вкупно богатство се проценува на 900 милиони долари.

Џуди Шајндлин

Оваа правничка веќе 20 години изрекува пресуди во реалната ТВ програма "Judge Judy". Вредноста на нејзиното богатство се проценува на 400 милиони долари и заработува 147 милиони долари годишно.

Двејн Џонсон

Овој актер и професионален борец е познат како The Rock. Глумел во акциони филмови, а неговата заработувачка изнесува околу 124 милиони долари годишно. Минатата година заработувачката речиси му се дуплирала, делумно и поради успехот филмот "Jumanji: Welcome to the Jungle".

Група U2

И музиката носи добра заработувачка, посебно ако подолго се занимавате со оваа работа. На шестото место на листата на "Forbes" се нашол ирскиот бенд "U2" со 118 милиони долари годишно. Првиот договор го потпишале пред 30 години, а во декември 2017. година го издале албумот "Songs of Experience".

Coldplay

Веднаш зад нив е британската група "Coldplay" со заработка од 115,5 милиони долари. Светската турнеја "A Head Full of Dreams" минатите две години им донела заработувачка од половина милијарда долари. Повеќе од нив на турнеја заработиле само "Rolling Stones" и "U2".

Лионел Меси

Со години бил најдобар фудбалер на светот, а овогодишното Светско првенство му било четврто во кариерата. Ни овој пат не успеал да ја освои таа титула. Иако не ги открива плановите за иднината во аргентинската репрезентација, финансиски е обезбеден: Со 111 милиони долари годишно завршил на 8. место на листата на "Forbes".

Ед Ширан

Против популарниот пејач неодамна била поднесена тужба поради плагијат со барање на оштета во износ од 100 милиони долари, но тоа не би требало претерано да го загрози: со годишна заработка од 110 милиони долари, е еден од најдобро платените соло музичари на светот. Наводно живее многу скромно и ги ограничил трошоците на 1.400 евра месечно. Тој износ му се уплаќа на сметката која ја има од дете.

"Кога сите пари би ги чувал на една сметка, веројатно би ги потрошил. Најмногу трошам за такси", рекол тој.

Кристијано Роналдо

Пет пати ја освоил титулата најдобар фудбалер на светот, а ова лето преминува во Јувентус од Торино. Една од причините е очигледна: Нејмар во ПСЖ и Меси во Барселона заработиле двојно повеќе од Роналдо во Реал Мадрид. Годишната нето заработувачка на португалскиот фудбалер изнесувала само 23 милиони долари. Со 108 милиони долари годишно, сепак влегол меѓу десетте најдобро платени познати личности.




Спонзорирани линкови

Маркетинг