Користите течен сапун наместо обичен? Ова морате да го знаете!

Точка

20/07/2018

19:38

3.985

Големина на фонт

а а а

Многу луѓе користат течен сапун наместо обичен, бидејќи сметаат дека поради амбалажата е отпорен на бактерии и дека нуди поголема педантност.

Меѓутоа, тоа не мора да значи дека е вистина! На шишињата со течни сапуни можат да се насоберат многу бактерии, особено на пластичните затварачи што ги притискаме за да излезе сапунот.

Тоа особено важи за шишињата што неколку пати ги употребувате.


„Секое шишенце може да дојде во судир со бактерии од околината. Тоа може да биде поради валканите раце, валканите крпи за перење, валкана вода или честичките што се наоѓаат во воздухот, додека го надополнувате шишето“, рече Дан Ренер од компанијата за произведување сапун.


Токму поради тоа треба редовно да ги миете и шишињата за течниот сапун, а особено оние што ги користите повеќе пати, и со тоа би требало да го решите целиот проблем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг