Најубавото море на светот изгледа како депонија полна со отпад, од огромната количина на пластика не се гледа ниту водата

Точка

20/07/2018

19:13

4.629

Големина на фонт

а а а

Овие денови на социјалните мрежи кружи снимка од Карипското море кое е преплавено во пластика. Ужасната сцена е забележана на крајбрежјето на градот Санто Доминго во Доминиканската Република, а покажува дека луѓето немаме ниту малку почит кон природата.

Снимката е објавена со цел да предупреди, привлече внимание и да ги повика граѓаните да водат сметка за природата и да се грижат за истата, како и тоа дека оваа количина на отпад во морето не е добра ниту за нивното здравје. 


Организацијата која се занимава со зачувување на животната средина во тамошниот град ги исчисти овие отпадоци. 

"После три дена чистење од морето извлековме 30 тони пластика, а работа има уште", стои во описот на снимката која кружи на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг