Водителката на временска прогноза се појавила пред камерите со бебе во своите прегратки

Точка

20/07/2018

18:56

3.309

Големина на фонт

а а а

Британската водителка за прогноза, Лаура Тобин ги изненади гледачите на емисијата Good Morning Britain кога за време на временската прогноза се појави со бебе во нејзините прегратки. 36 годишната водителка на временска прогноза ја чуваше во прегратките својата 11 месечна ќерка Шарлот, а гледачите беа воодушевени со овој потег.

Лаура претходно во емисијата говореше за честитките кои посебно ги смислила за честитање на родителите чии деца се раѓаат порано од терминот. Зборувала за тоа како нејзината ќерка се родила три месеци порано поради што морала да биде во болница па нејзиното семејство и пријатели сметале дека е неприкладно во тоа време да праќа традиционални честитки по повод раѓањето на детето.

Поради тоа одлучила да смисли колекција на честитики токму за овие случаеви.

Откако ги претставила своите честитки со малата Шерлот во прегратките, им откри на Британците какво време ги очекува.


"Ова всушност ми го направи денот, толку слатко", "Колку слатко, прекрасно бебе", беа дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг