Тупак излажирал за својата смрт поради илуминатите

Точка

20/07/2018

17:32

7.777

Големина на фонт

а а а

Момчето Ноа, кој што неодамна пред светот се претстави како патник од иднината, овој пат му откри на светот дека всушност легендарниот рапер Тупак Шакур лажел за својата смрт.

Откако на Ју Тјуб се појави снимка на која човек под име Ноа тврди дека патува низ времето, па покажа снимки за кои тврдеше дека се направени во Лас Вегас во 2120-та година, на интернет се појави негово ново видео, пишува британскиот медиум „Експрес“.

Во последната епизода објавена на овој канал на Ноа, кој тврди дека дошол од 2030-та година, одговарал на прашања преку вклучување во живо, а едно од поставените прашања се однесувало на лажната смрт.

Во интервјуто, ова момче откри детали за смртта на еден од најпопуларните рапери, Тупак Шакур, а потоа откри и детали поврзани со илуминатите.

„Постојат познати личности што лажат за својата смрт. Кога бев во иднината сфатив дека Тупак не е мртов, но бил во критична состојба околу една година после наводно неговата смрт“, рекол Ноа.

Патникот од иднината тврди дека за лажната смрт на раперот се одговорни илуминатите, верувајќи дека ова тајно друштво го направило тоа бидејќи Тупак им се спротиставувал.

„Кога од 2001-ва отидов во 2030-та, разговарав со многу луѓе. Тие ми кажаа дека Тупак е во критична состојба веќе неколку месеци, после неговата „смрт“. Причината поради која сето ова се случило е тоа што неговите пријатели кои биле рапери, биле вклучени во групата илуминати“, објаснува Ноа за своите сфаќања.

„Раперот не им кажал дали ќе каже нешто за нивното тајно друштво или не, но тие работите ги сфаќаат сериозно. Тие биле во состојба да пукаат во него и да кажат дека е мртов. Тупак не е мртов, но бил во критична состојба поради нанесените повреди. Нивната цел била да го држат што е можно подалеку од јавноста“.

На крајот вели „не знам како точно успеале тоа да го изведат“ и додал дека „не прашувал понатаму“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг