Кој е менаџерот роден во Македонија кој ќе биде главен во трансферите на Челси ова лето

Дерби

20/07/2018

17:15

5.032

Големина на фонт

а а а

Челси пред неколку денови и официјално објави дека Маурисио Сари ќе го наследи Антонио Конте на клупата.

По ангажманот на тренерот сега „Сините“ се во потрага по нови засилувања на кои ќе работи Фали Рамадани, познат агент роден во Македонија.

Рамадани е роден во 1963 година во Тетово, но живее во Берлин каде управува со агенцијата „Лиан Спортс“ која е оформена токму од Рамадани и неговиот бизнис партнер Никола Дамјанац.

Рамадани е познат како „Мино Раиола од истокот“ и се очекува да има полни раце работа кога во прашање се трансферите на Челси. Рамадани работеше на преговорите за преминот на Сари на „Стемфорд Бриџ“ заедно со агентот на стратегот, Алесандро Пелегрини.

Сега родениот тетовец ќе има за цел во Лондон да ги донесе Гонзало Игуаин, Даниеле Ругани и Миралем Пјаниќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг