Големото срце на малите херои: Еве што ги воодушевило децата од пештерата кога се вратиле дома! Во чест на починатиот спасувач целиот тим ќе направи нешто трогателно

Точка

20/07/2018

17:34

4.064

Големина на фонт

а а а

Десет дена пред да ги пронајдат спасувачите, Дангпеч Промтеп преживеал лижејќи ја водата која капела од ѕидовите на пештерата и мислејќи на враќањето дома.

Но, оваа седмица неговите мисли се претвориле во реалност, откако Данпеч, заедно со неговите 11 соиграчи и тренерот, се вратиле кај своите семејства, 26 дена откако прв пат исчезнале. 

Сега, Дангпеч го дочекало јадење од свинско месо со ориз и роденденска торта - бидејќи 13-тиот роденден го дочекал во пештерата.

Исто така, добил нов телефон бидејќи претходниот го изгубил во пештерата и морал да мине ноќ во кревет за прв пат по заробеништвото.

"Мојот кревет беше топол", рекол Дангпеч, кој исто така е познат како Дом.

Сите 12 деца, на возраст од 11 до 16, и 25-годишниот тренер се вратиле дома во средата откако биле отпуштени од болница и биле гости на националната телевизија,каде ја опишувале својата несреќа.

"Кога прв пат дојдов дома, имаше многу луѓе кои ме чекаа. Бев многу изненаден", рекол Дом, кога го дочекале роднините од Кина.

Неговиот прв оброк бил свинско со пченка и ориз, оброкот кој посакал да го јаде и додека бил во пештерата.

Дом, кој живее со својата тетка, вујко и баба, се навикнува на количината на внимание кое го добива, не само од својата земја, туку од целиот свет.

Тинејџерот напишал на Фејсбук дека морал да направи нов профил, бидејќи добил многу понуди за пријателство.

Враќањето во нормала значи домашна задача за викенд и фудбалски тренинг по училиште, вели Танапорн Промтеп, 41-годишната тетка, која Дом ја нарекува мајка.

"Тој е добар, многу одговорен ученик", рекла таа, додавајќи дека девојка веќе две години.

Дом исто така е капитен на тимот и наводно интерес за него покажале неколку национални тимови.

Но, пред да размисли за кариера како спортист, Дом ќе мине низ студиски програм за да стане будистички монах.

Целиот тим овој месец ќе почне со обука во чест на Саман Кунан, нуркачот и поранешен член на тајландските Фоки, кој го изгубил животот во текот на мисијата за спасување.

"Тоа е многу важна работа", рекол Дом.

Обуката ќе ја води нивниот тренер, Екапол Чантавонг, кој бил монах и ги учел на техники на медитација додека биле заробени, за да останат мирни.

Тајланѓаните го гледаат тимот како национално богатство, но три деца и тренерот се технички без државјанство.

13-годишниот Монгкол Боопијам, чии родители се од соседен Мјанмар, може да се квалификува за државјанство, бидејќи постојат докази дека е роден во Тајланд, рекол еден службеник кој се занимава со неговиот случај.

"Иако неговите родители не се Тајланѓани, тие се во Тајланд повеќе од 10 години", рекол Китичаи Чароенинг, општински службеник во северната покраина Чианг Раи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг