Фабрегас испрати порака до Азар и Челси по последните трансфер шпекулации

Дерби

20/07/2018

20:14

2.409

Големина на фонт

а а а

Екипата на Челси отвара нова страница под водство на италијанскиот стартег Маурицио Сари, меѓутоа во исто време клубот треба да реши неколку прашање околу играчкиот кадар со играчи кои се клучни и се стандардарни првотимци.

Во прв план тука е Еден Азар кого многумина веќе го гледаат во Реал Мадрид и тоа на местото на Кристијано Роналдо кој замина во Јувентус. Азар по последниот меч со Белгија на СП порача дека можеби е време за разделба со „сините“ со што дополнително ги зголеми шпекулациите, информациите за можната преселба на „Сантијаго Бенабеу“.

Ако добро се погледнат фактите тогаш јасно е дека Реал дефинитивно ќе гризе за Азар со оглед на тоа што двете први опции Нејмар и Мбапе сигурно остануваат во ПСЖ, па Белгиецот е следната опција на тој скратен список кој се врти низ светските медиуми.

Сепак навивачите на „сините“ се надеваат дека тој ќе остане во нивниот клуб, а јасна порака на оваа тема испрати и Сеск Фабрегас која се однесува на Челси, но и за самиот Азар.

-Нема да лажам, често зборувам со него. Тој е најдоброт играч во клубот и Челси мора да ги задржи најдобрите играчи. Знае дека навивачите го сакаат и дека е играч со кого сакаме да играме. Секако, ние сакаме да остане, -рече Шпанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг