На кое место е Алисон: Десетте најскапи трансфери во историјата на Премиер лигата

Дерби

20/07/2018

19:06

1.492

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден беше официјализирана уште една трансфер бомба, преминот на одличниот бразилски голман Алисон Бекер од Рома во премиерлигашот Ливерпул.

Со овој трансфер вреден 67 милиони фунти Бекер стана најскапиот голман во историјата на фудбалот, но кое место го зазема ако се погледнат десетте највредни трансфери во Премиер лигата.

Еве кој засега е во Топ 10:

1. Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 93,25 милиони фунти

2. Ромелу Лукаку од Евертон во Манчестер Јунајтед и Вирџил Ван Дајк од Саутемптон во Ливерпул за 75 милиони фунти

4. Алваро Мората од Реал Мадрид во Челси за 70 милиони фунти

5. Алисон Бекер од Рома во Ливерпул за 67 милиони фунти

6. Фред од Шахтјор Доњецк во Манчестер Јунајтед за 61,2 милиони фунти

7. Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд во Арсенал и Ријад Марез од Лестер во Манчестер Сити за 60 милиони фунти

9. Анхел Ди Марија од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед за 59,7 милиони фунти

10. Емерик Лапорт од Атлетик Билбао во Манчестер Сити за 57 милиони фунти



Спонзорирани линкови

Маркетинг