Сеад Кочан осуден на 6 години затвор, Авировиќ на три години

Макфакс

20/07/2018

13:06

5.537

Големина на фонт

а а а

Бизнисменот Сеад Кочан е осуден на шест години затворска казна во предметот „Труст“ на СЈО, а Василије Авировиќ на три години.

Тие се осудени за злоупотреба на постапка за јавна набавка. И двајцата добија забрана за вршење дејност и да бидат управители или одговорни лица на правно лице во траење од 3 години. Третообвинениот во предметот, Сафет Ватиќ, е ослободен од обвинението, како и неговата фирма „Вато“ ДООЕЛ.

Василије Авировиќ не беше присутен на изрекување на пресудата. Според неговата одбрана, тој не се чувствувал добро.

Правните лица „Трансмет“ и „Силекс неметали – Кратово“ добија парична казна од два милиони денари која треба да ја платат во рок од 30 дена од изрекување на пресудата. И двете фирми добија забрана за учество во јавни набавки за три години. Судот определели за нив и конфискација на имот од 1 милијарда и 60 милиони денари.

Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и двете правни лица беа обвинети за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Судењето почна во ноември 2017 година и траеше 8,5 месеци. Според обвинението, обвинетите со фалш документи учестувале и добиле тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Обвинетите на ЕЛЕМ му доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет. Сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и дека не сториле никакво кривично дело. На судењето беа преслушани и 13 бомби, а беше изведена и сметководствена и друга документација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг