Кога судството функционира: Поранешната јужнокорејска претседателка која веќе треба да одлежи 24, доби уште 8 години затворска казна

Точка

20/07/2018

12:33

2.167

Големина на фонт

а а а

66-годишната Парк која што негира дека вршела незаконски активности, не била присутна за време на објавувањето на пресудата, пренесуваат јужнокорејските медиуми.

Јужнокорејскиот суд денес ја осуди поранешната претседателка на државата, Парк Геун Хје на уште осум години затворска казна откако таа беше прогласена за виновна за злоупотреба на владините фондови и мешање во парламентарните избори во 2016-та година.

Главниот окружен суд во Сеул пресуди дека Парк, која што веќе одлежува 24 годишна затворска казна поради одвоени обвинувања за корупција, заедно со соработниците придонела фондот за државната разузнавачка служба да претрпи загуби во вредност од 22,7 милиони евра.


Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, таа исто така била прогласена за виновна за мешањето во изборот на кандидатите на владеачката партија на парламентарните избори во Јужна Кореја.

„Ројтерс“ потсетува дека во април Парк била прогласена за виновна врз основа на одвоените обвинувања против неа кои што вклучуваат подмитување, злоупотреба на положбата и принуда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг