Далиќ со шокантно признание: Ми работеа зад грб и направија сè за да си одам, а сега…

Дерби

20/07/2018

12:03

4.691

Големина на фонт

а а а

Златко Далиќ стекна светска слава со она што го направи на мундијалот во Русија, но иако цела јавност има јасна и најпозитивна слика за неговата работа со хрватската фудбалска репрезентација, самиот стручњак сега откри дека зад успехот на Светското првенство се крие и една непосакувана приказна.

Хрватскиот селектор обелоденува дека на доста подмолен начин луѓе од Федерацијата се обидувале да го избркаат пред почетокот на мундијалот, или поточно за време на турнејата во Америка. Далиќ потенцира дека по пристигнувањето од Америка бил цврсто решен да си замине од селекцијата по мундијалот, но сега признава дека се колеба за таа одлука по пречекот кој го доби од своите сограѓани во Хрватска.

– Од кога дојдов во репрезентацијата при крајот на квалификациите, правеа константен притисок за да ме избркаат. Луѓето околу Шукер ме сменуваа преку телефон, им се јавуваа и на играчите за да разменуваат мислења на таа тема. Никој не ме заштити и тоа ме повреди. Не сакам никаква војна со никој, но сите мораат да знаат дека тоа веќе не можат да ми го направат. Правеа се за да си заминам, ми работеа зад грб и одлуката за заминување ја донесов уште после Америрка, но кога видов се што се случи при доаѓањето во Хрватска од СП, ништо друго не ми е важно. Морам својата одлука да ја преиспитам, не е лесно да се изневери својот народ, – вели Далиќ во ексклузивното интервју за „Јутарњи лист“ и додава.

– Сега сум пред тешка одлука, но мене парите не ме интересираат. Заработив доволно, а јас и моето семејство сме скромни луѓе, – додава Златко кој јасно стави до знаење дека парите нема да бидат пресудни во неговата конечна одлука околу тоа дали ќе остане селектор на Хрватска по историското сребро на Светското првенство во Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг