Ако не успеат договорите, ќе бидам најголемиот непријател на Путин, порача Трамп

Макфакс

20/07/2018

11:23

1.006

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека доколку не успеат неговите договори со рускиот претседател, ќе биде најголемиот непријател на Владимир Путин.

„Ќе бидам најголемиот непријател кој некогаш го имал“ рекол Трамп во интервју за Си-Ен-Би-Си.

Трамп истакнал дека ја цени можноста за унапредување на односите меѓу САД и Русија, дури и по тврдењата на американските разузнавачки агенции дека Москва во повеќе наврати се обидела да се меша во претседателските избори во САД.

„Да се согласуваш со Путин и со Русија е позитивно, не негативно“ оценил Трамп.

Тој истовремено го критикувал неговиот претходник Барак Обама дека бил целосно наивен кон Русија, додека тој, како што тврди, имал многу поцврст став кон Москва од било кој претседател, можеби на сите времиња.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс објави на Твитер дека претседателот Трамп го поканил рускиот колега на есен да го посети Вашингтон. Според информациите, Трамп го одбил предлогот на Путин да ѝ дозволи на Русија да испрашува американски граѓани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг