Телефонот на преклопување на Самсунг сепак нема да пристигне оваа година?

Точка

19/07/2018

17:50

2.553

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејската компанија Самсунг во последните неколку месеци интезивно работи на развојот на првиот паметен телефон со флексибилен екран на преклопување, но најверојатно тој нема да биде претставен оваа година.

Телефонот на преклопување кој што веќе долго време се најавува би требало да има екран со големина од 7 инчи кој ќе се преклопува како паричник, а поради двата екрани ќе има и поголема батерија.

Овој прв телефон со флексибилен екран би требало да ја носи ознаката Galaxy X и да чини околу 1,500 долари. Секако, веста за овој телефон не е ништо ново, посебно откако во октомври минатата година се појавија првите скици од флексибилниот телефон на јужнокорејската компанија.

Исто така, од Самсунг потврдија дека работат на својот прв телефон на преклопување, а во април минатата година, главниот инженер на компанијата Ким Тае-Вонг исто така го потврди тоа.

Сепак, многумина очекуваа дека Самсунг својот „револуционерен“ телефон ќе го претстави најдоцна во втората половина од оваа година, меѓутоа за жал тоа нема да се случи, па Galaxy X ќе биде претстаавен веројатно од почетокот на идната година.


Покрај тоа, вреди да се спомене дека кинеската компанија ZTE, го претрка Galaxy X и веќе го претстави својот телефон на преклопување наречен Axon M кој што има два IPS екрани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг