Погледнете како во Мекларен рачно ги произведуваат своите автомобили...

Точка

19/07/2018

16:46

2.415

Големина на фонт

а а а

Британскиот производител на суперавтомобили Мекларен, ги бележи најдобрите резултати во својата историја, а само минатата година биле испорачани 3,340 автомобили.

Откако во компанијата од Вокинг се сконцентрираа на производство на автомобили за „обичните патишта“, Мекларен постепено станува заштитен знак на класата на суперавтомобилите и секако, се наоѓа рамо до рамо со најдобрите светски производители на ваков тип на автомобили.

Секој Мекларен се изработува рачно, а дневно се склопуваат околу 20 автомобили. Од компанијата одлучија преку кратко видео да откријат како изгледа процесот на рачна изработка на своите автомобили.

Челниците на Мекларен моментално имаат многу големи амбиции, планираат да лансираат 18 нови модели до 2025-та година и во тој период да ја електрифицираат својата целосна гама на автомобили.

Сеекако, со посебно нетрпение љубителите на суперавтомобилите го очекуваат наследникот на легендарниот “F1”кој што е најавен под кодното име “BP23”.





Спонзорирани линкови

Маркетинг