Скандалозно барање на американски конгресмени: Сакаат по секоја цена да дознаат за што во четири очи разговарале Путин и Трамп, а еве каков пеколен план смислиле

Точка

19/07/2018

15:13

2.180

Големина на фонт

а а а

Руските политичари му се приклучиле на претседателот Владимир Путин во осудата на предлогот на САД да се испраша преведувачот на американскиот претседател Доналд Трамп на самитот во Хелсинки за тоа што зборувале претседателите во четири очи.

Рускиот амбасадор во САД, Анатоли Антонов, изразил надеж дека "усните договори меѓу Трамп и Путин ќе бидат исполнети". 

Путин и Трамп во понеделникот во Хелсинки имале прво разговор во четири очи само со присуство на преведувачи, пред да им се приклучат проширени делегации. Тоа е нормален и често користен облик на дипломатска комуникација, чија цел е најдоверливите информации од важност за државата да останат во тајност.

## https://twitter.com/vesti_news/status/1019320927639785473##

Руските службеници се загрижени дека бурата од несогласувања во САД околу изјавите на Трамп по самитот со Путин во понеделникот во Хелсинки, би можела да ја блокира идната соработка за Сирија или контролата во вооружувањето, за што се разговарало и на самитот.

Руските службеници ги отфрлиле контрадикторните изјави на Трамп за тоа што му го кажал на Путин на самитот.

Нив, меѓутоа, ги налутил предлогот на американскиот конгресмен да се сослуша преведувачот на Трамп.

Константин Косачев, претседавачот на одборот за меѓународни односи во Горниот дом на рускиот парламент, денес рекол дека таа идеја претставува опасен преседан кој "се заканува на целата идеја за дипломатија", пренеле руските новински агенции.




Спонзорирани линкови

Маркетинг