Роналдо-манија и во Неапол, но на далеку поинаков начин

Дерби

19/07/2018

13:25

2.180

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо го крена Торино на нозе и буквало ги разбуди фановите на Јувентус со неговиот сензационален трансфер од Реал Мадрид во редовите на италијанскиот шампион, а како што можеше да се очекува, со самото пристигнување, експресно почна да руши рекорди кога е во прашање продажбата на дресови.

За само еден ден, Јувентус успеа да продаде 520 илјади дресови од Роналдо, или за илустрација, речиси исто колку што клубот продал за цела 2016 година од сите играчи на тимот, а тоа е најдобар доказ дека во Торино владее Роналдо-манија.

Потегот на Критијано наидува на големо прифаќање од страна на фудбалските легенди во италијанскиот фудбал поради значењето кое може да го има Португалецот врз Серија А, но сепак има и такви кои не гледаат со добри очи на неговото пристигнување во Торино. Силвио Берлускони беше искрен и порача дека не може да се радува што Јувентус донел еден од најдобрите играчи во светот, но дефинитивно, далеку повешти во импровизирањето се луѓето од Неапол кои се добро познати како вечни ривали на Јувентус.

На социјалните мрежи во последните часови стана хит фотографијата на која се гледа дека постои Кристијано-манија и во Неапол, но на еден поинаков начин, или поточно, неговиот лик се користи за подобра продажба на тоалетна хартија меѓу навивачите на „небесно-сините“ од „Сан Паоло“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг